Милер не можеше да се изначуди на судијата: Играме против најголемите силеџии во Европа, а ти ми даваш жолт картон

Баерн Минхен со 4:0 славеше против Атлетико Мадрид во меч кој требаше да биде еден од дерби дуелите во првото коло од Лигата на шампиони. Актуелниот првак на Европа не дозволи нималку драма и победи уведливо, а покрај погодоците, мечот го одбележа и една помалку чудна конверзација меѓу Томас Милер и судијата.

Еден од најдобрите играчи на Баерн заработи жолт картон поради старт врз Кеиран Трипие, а потоа Германецот се налути на судијата.

„Што се случува!? Играме против Атлетико кои се најголеми силеџии во Европа, а ти мене ми даваш жолт картон за ваков старт? Дали се шегуваш?“, му рече Милер на судијата.

Со оглед на тоа дека дуелот се играше без присуство на публика, целата таа конверзација можеше да се проследи и за време на директниот пренос. Ова мислење на Томас го слушнаа сите и во Атлетико, па ќе биде навистина интересно да се види какво ќе биде гостопримството за Баерн на дуелот во Мадрид кој треба да се игра на 1 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести