Милер не мрда од Баерн

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, демантираше дека сака да ја напушти екипата по завршување на сезонава, објавија германските медиуми.

Магазинот „Билд“ пред неколку дена објави дека Милер сака да си замине од Баерн, па дури и дека размислува да стави крај на кариерата. Но, денеска фудбалерот ги демантира овие гласини.

„Не сакам кога медиумите пишуваат за тоа како јас размислувам. Тоа се обични шпекулации и немаат никаква врска со вистината. Моето срце е црвено, всушност на сите срцето ни е црвено. Само што моето малку поцрвено. Ние сме среде борба за титулата, а вие пишувате дека сакам да си одам. Глупости“, изјави Милер.

Томас Милер е член на Баерн од 2000 година и досега за тимот од Минхен одигра 664 натпревари и постигна 235, а со германскиот тим освои вкупно 31 трофеј.

- Оглас -

Најнови вести