Еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња, Томас Милер, даде интересно мислење зошто малку Германци се прогласувани за фудбалери на годината во последно време, иако Германија дава многу големи играчи.
„Во Германија не веруваме во суперѕвезди. Од мали нозе нè учат да играме тимски, а не да блескаме сами. Затоа нема да видите многу германски играчи како ја освојуваат Златната топка. Но, затоа можете да видите 4 ѕвезди на нашиот дрес“, вели Милер.
Последен Германец освојувач на „Златната топка“ на „Франс фудбал“ беше Матијас Замер во 1996 година. Голманите Оливер Кан во 2001 и 2002 и Мануел Нојер во 2014 година беа на подиумот како третопласирани по бројот на гласови.