Милер откри што им дало толку мотив за да ја растурат Барселона со 8:2

Баерн Минхен во следните година дена ќе го носи приматот европски првак и тоа сосема заслужено. Германскиот гигант стана првиот тим кој успеа да дојде до континенталната круна и тоа со победи на сите 11 меча кои ги одигра. Од сите триумфи, најзначаен беше тој против Барселона во четвртфиналето.

Дуелот кој требаше да биде дерби и да биде голема борба за место во полуфиналето, на крајот се претвори во шоу на Баерн кој без милост го полнеше голот на противникот. На крајот, германскиот шампион победи со неверојатни 8:2. Томас Милер заедно со Филипе Кутињо постигнаа по два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Левандовски, Кимих, Гнабри и Перишиќ. Милер открива зошто сите во Баерн биле толку мотивирани да ја растурат Барселона.

„Ние веќе 10-тина минути бевме излезени на теренот и се загревавме, кога играчите на Барселона незаинтересирано почнаа да се појавуваат на теренот. Можеби тоа е некоја друга филозофија и не мора да значи ништо, но ние покажавме колку сме мотивирани и сакавме да победиме. Кога видов како противничките играчи се толку опуштени, знаев дека ќе ги здробиме“, вели Милер, кој веќе 12 години е дел од Баерн Минхен и е еден од најискусните во тимот.

Барселона уште долго ќе го памти овој пораз од Баерн, затоа што за прв пат по 76 години примија дури осум гола на еден официјален меч.

- Оглас -

Најнови вести