Милер синоќа славеше роденден и победа над Барселона, а крадци „славеле“ во неговиот дом и украдени 500.000 евра!

Томас Милер, еден од најдобрите германски фудбалери, со Баерн Минхен се радуваше на победа против Барселона во дуел од Лигата на шампионите, што беше одличен подарок за неговиот 33-ти роденден, кој беше вчера. Сепак, роденденското славење беше расипано откако Милер се вратил во својот дом, кога видел дека бил посетен од крадци.

Неколку засега непознати лица успеале да влезат во домот на Милер додека тој играл против Барселона. Знаејќи дека нема никој во домот, крадците мирно „оперирале“ и на крајот успеале добро да се офајдат.

„Во вторникот навечер, неколку непознати лица ја ограбиле куќата во Отерфинг и успеале да одземат пари, накит и други скапоцености. Вкупната вредност на украдените работи се проценуваат на 500.000 евра“, стои во соопштението на локалната полиција.

- Оглас -

Најнови вести