Шауна Милер-Уибо ја одбрани титулата во атлетика во дисциплината 400 метри со најбрзо време од 48.36 секунди што и е личен рекорд, а Американката Алисон Феликс со третото место и бронзениот медал стана најтрофејната атлетичарка во историјата на Летните олимписки игри.
Милер-Уибо и донесе на Бахамите нов златен медал, откако пред пет години во Рио за 7 стотинки беше побрза од Феликс, а сега тандемот го разби Марилејди Паулињо од Доминиканската Република со втор резултат од 49.20 секунди.
Трета беше Феликс со време од 49.46 со што го освои десеттиот медал на Олимпијадите и е најтрофејната атлетичарка на сите времиња.
Shaunae Miller-Uibo wins #gold for #BAH in the women’s 400m!
A great win for Miller-Uibo who defends her title!#StrongerTogether | #Tokyo2020 | @WorldAthletics pic.twitter.com/2N6glnM3xk
— Olympics (@Olympics) August 6, 2021
Во трката 4Х100 метри штафета во машка конкуренција Италија го освои златниот медал пред Велика Британија и Канада. Кај дамите на истата дистанца победи Јамајка, втора е штафетата на САД, а бронзата ја освоија спринтерките од Велика Британија.