Милер влезе во историјата на германскиот фудбал

Играта на Баерн Минхен во изминативе 10-тина години речиси и да не може да се замисли без Томас Милер. Офанзивниот играч од средниот ред е еден од најдобрите во баварскиот гигант, а тоа носи и резултати на тимот.

Баерн синоќа се израдува на трофејот во Суперкупот на Европа откако дури по 120 минути игра со 2:1 ја победи Севилја. Со тој трофеј, Милер се израмни со Бастијан Швајнштајгер како најтрофејни германски играчи. Сега двајцата може да се пофалат дека освоиле 26 трофеи на клупски план, нешто што не му успеало на ниту еден друг германски фудбалер.

Милер многу брзо ќе има шанса и да го надмине Швајнштајгер, затоа што Баерн веќе в среда ќе игра против Борусија Дортмунд во меч од Суперкупот на Германија и со евентуален триумф, ќе стигне до 27-миот клупски трофеј. Сепак, пред да мисли на мечот со Милионерите, Баерн треба да одигра дуел од домашното првенство против Хофенхајм.

 

- Оглас -

Најнови вести