Милер за желбата на Левандовски: И Рибери сакаше да си оди, па остана во Баерн уште 10 години

Томас Милер посакува неговиот партнер од нападот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, да остане во клубот.

Полјакот не сака веќе да игра за Баерн, се чувствува навреден што не му нудат нов договор, а тајно преговарале со Ерлинг Халанд. Леви има договор уште една година, па Баерн не сака да го ослободи.

Желба на Левандовски е да заигра за Барселона, но Барса нема доволно пари.

„Во 2009 година Рибери сакаше да си оди од Баерн и да премине во Реал Мадрид, но остана кај нас уште десет сезони. Би сакал тоа да се случи и со Роберт“, рече Милер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести