7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Милевски: Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација

Македонскиот селектор Благоја Милевски на некој начин призна дека погрешил со изборот на почетните 11 и беше задоволен од играта во второто полувреме.

„Влеговме малку нервозно во натпреварот, можеби и малку се почувствува заморот, но, сепак, сакам да им честитам на фудбалерите за сè што дадоа на овие два меча против Белгија и вечерва против Казахстан. Со изданието во вториот дел, поблиску бевме до победа, меѓутоа не успеавме. Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација. Потоа направивме промени на полувремето и во вториот дел делувавме многу подобро. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа и ги наполнија трибините“, рече селекторот кој додаде и дека ја очекувал победата на Белгија над Велс, а Македонија и понатаму продолжува да се бори за пласман на СП.

Селекторот на Казахстан, Талгат Бајсуфинов, беше задоволен од играта на неговиот тим.

„Задоволен сум од резултатот и од играта против Македонија. Во првото полувреме успеавме со висок пресинг малку да ја сопреме Македонија во креирањето на играта во средниот ред. Покажавме стабилност, што во минатото оваа селекција го немаше. Постигнавме гол за водство во второто полувреме, но Македонија израмни со одлично изведен слободен удар. Мислам дека ова е вистинскиот пат по кој треба да оди репрезентацијата на Казахстан“, рече казахстанскиот селектор.

- Оглас -

Најнови вести