10.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Милевски: Белгија е фаворит, но ние сакаме да ја оствариме нашата цел

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, вели дека има почит кон противник каков што е Белгија, но тоа не значи дека Македонија не смее да продолжи да сонува дека може да го освои првото место во групата и директно да обезбеди пласман на завршницата на Светското првенство во 2026 година.

„Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нациите, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме. Сега нè очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме сè за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија“, рече селекторот на Македонија на денешната прес-конференција во Гент пред утрешниот решавачки натпревар.

- Оглас -

Најнови вести