Милевски: Благодарност и до мојот претходник и на играчите коишто играа во првиот дел од квалификациите

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, вели дека нашата репрезентација има уште потенцијал да напредува и дека во секој меч треба да бидеме подобри и подобри. Милевски ја презеде репрезентацијата по Европското првенство и продолжи таму каде што застана неговиот претходник Игор Ангеловски.

„Да им се заблагодарам на сите оние коишто се заслужни за ова. Мислам на мојот претходник и оние играчи коишто беа дел од репрезентацијата на стартот, а сега не се. Честитки и за момците кои на секој од мечевите што ги игравме, беа одлични. Нормално дека очекував да бидеме успешни, инаку не би бил селектор. Исланд е сериозна селекција, имаат добри играчи, знаевме дека нема да биде лесно, но ние продолживме да играме во наш стил. Во моментот кога примивме гол, не се сомневав дека ќе се вратиме. Од една случајна ситуација примивме гол. Работиме и на психолошкиот момент и мислам дека нема да ни се повтори тоа што беше на дуелот во Рејкјавик“, рече Милевски веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести