Благоја Милевски ќе има интересна задача да ја одведе Македонија на ново големо натпреварување, а ќе дебитира како селектор на машката фудбалска репрезентација на трите септемвриски дуели од квалификациите за настап на Мундијалот во Катар, што треба да се игра идната година.
Милевски има искуство со настапите на големите натпреварувања, откако беше првиот селектор шт успеа со македонска селекција да игра на Европско првенство, а тоа се случи во Полска пред четири години со селекцијата за фудбалери до 21 година.
„Чест и гордост претставува да се биде селектор на Македонија. Со нетрпени ја чекам првата средба со фудбалерите и се радувам на позитивната атмосфера што владее во нашиот табор. Имаме квалитетни фудбалери и пред се изградени личности, што ни дава надеж за нови успеси“, изјави новиот селектор на А репрезентацијата на Македонија.
Првиот меч како нов кормилар на нашиот состав, Милевски ќе го има на 2. септември против лидерот во Ц групата Ерменија, која че ни гостува во Скопје.
Потоа ќе играме со Исланд на петти септември, па ни следи уште еден меч дома, против Романија на 8. септември.
Македонија по три кола има шест бода, исто колку и Германија, а пред нас е Ерменија со максимален учинок.