
Фудбалската репрезентација на Македонија ја сопре Белгија во Гент, освои голем бод со кој го задржа и првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2026.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од освоениот бод, ремито против моќната Белгија, но вели дека сме потфрлиле во организацијата на играта, иако за тоа „заслуги“ има и одличниот среден ред на противникот.
„Можам да бидам задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта. Извлековме максимум од овој натпревар, иако можеме и многу повеќе кон напред. Секако дека и противникот влијаеше нашата игра да биде таква. Го имавме вечерва и тој фактор икс. Сега треба да се фокусираме на следниот меч против Казахстан, и тоа веднаш. Се надевам дека не е ништо сериозно со Висар Муслиу, но ќе знаеме по 24 часа кога ќе може да се скенира повредата“, изјави Благоја Милевски.