Селекторот го одбра составот за дуелите против Белгија и Казахстан, има и еден дебитант

Македонската фудбалска репрезентација повторно ќе се собере за продолжување на мисијата, а тоа е пласман на Светското првенство во 2026 година. По првите две кола, Македонија е лидер на табелата со четири бода, колку што има и Велс.

Следат два нови предизвици. Прво на домашен терен во Скопје ќе играме против фаворитот во групата, Белгија, на 6 јуни, а три дена подоцна ќе гостуваме во Казахстан.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овие два меча, а интересно е дека првпат повик доби и играчот на ОФК Београд, Стефан Деспотовски.

 

- Оглас -

Најнови вести