Милевски го врати Јаховиќ, се надева дека ќе играат и Адеми и Николов (Фото)

Адис Јаховиќ се врати во репрезентацијата на Македонија и тој е на списокот на играчи што го објави новиот селектор Благоја Милевски за трите квалификациски дуели во септември, против Ерменија и Романија во Скопје и со Исланд на гости.

Нови имиња се Миовски, Серафимов и Тодоровски, а повик повторно добија и Ѓорѓев од Грасхоперс и Ашковски од Сепси. Останатите репрезентативци се дел од стандарниот состав што играше на ЕП за Македонија.

Селекторот Милевски се надева дека и Аријан Адеми и Бобан Николов ќе можат да играат.

- Оглас -

Најнови вести