Милевски: Групата е тешка

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски вели дека нема лесни ривали во европскиот фудбал, па и средбите од Лигата на нациите ќе бидат интересни.
Македонија е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар, а првопласираниот тим обезбедува место во Сегментот Б.
„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против европскиот првак Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лигата на нациите, кога се соочивме во иста група. Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал едноставно не трпи поинаков пристап. Сѐ што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари“, е реакцијата на Милевски веднаш по дознавањето на противниците во Лигата на нациите.
- Оглас -

Најнови вести