ФИФА официјално го прогласи Винисиус јуниор за најдобар играч во светот откако Бразилецот доби најголема поддршка во гласањето, кое вклучуваше селектори, капитени на репрезентации и новинари од сите земји-членки на ФИФА.
Винисиус доминираше во трите категории на гласање убедливо освојувајќи 1.147.276 поени. Второто место го освои Родри од Шпанија со 264.835 поени, додека на третото место се најде англискиот талент Џуд Белингам.
Од Македонија гласаа селекторот Благоја Милевски, капитенот Енис Барди и новинарот Мијалчо Дургутов.
Благоја Милевски своите гласови ги даде за Дани Карвахал, Џуд Белингам и за Родри.
Изборот на капитенот Енис Барди беа Родри, Винисиус јуниор и Ерлинг Халанд.
Новинарот Мијалче Дургутов го погоди победникот Винисиус јуниор, а даде гласови и за Родри и за Дани Карвахал.