3.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Милевски: Играчите ги исполнија задачите, но мора да го подобриме теренот

Селекторот Благоја Милевски после ремито без голови со Летонија, истакна дека најнезадоволен е од теренот на Националната арена „Тодор Проески“.

„Не остваривме победа, но ова беше добар тест за Македонија, на кој испробавме некои тактички опции, создадовме неколку шанси, но немаше реализација. Морам да напоменам дека ќе мора да направиме напори да го подобриме теренот за да им овозможиме многу подобри услови за играње. Задоволен сум, сите максимално ги исполнија зададените задачи и знам дека можам да сметам на сите, без разлика кој ќе добие шанса да биде стартер на одреден натпревар. Во Велс одиме да одиграме најдобро што можеме, знаеме што ни носи тој меч“, изјави Милевски.

- Оглас -

Најнови вести