Милевски: Играчите кои немаат минутажа да ги решат тие проблеми за да бидат конкурентни

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз (3-0) од Хрватска на пријателскиот натпревар во Риека. Ловро Мајер беше двоен стрелец во првото полувреме, а во 80-тата минута погоди и Марко Пашалиќ.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата по натпреварот призна дека Хрватите беа подобри, но и напомена дека Македонија можеше да искористи повеќе од некои моменти во текот на мечот. Но, потоа се осврна и на најважното.

„Хрватска покажа дека е подобра во овој момент и честитки за нивната победа. Ние во првото полувреме имавме неколку добри моменти и мислам дека можевме да ги искористиме подобро. Ако не ги искористите, видовме дека доаѓа казна од спротивната страна. Ние имаме доволно време до септември да анулираме некои аномалии во нашата игра, тактичка дисциплина, но и физичката подготвеност. Пред сѐ, некои играчи мора да ги решат проблемите со минутажата во своите клубови за да бидат поконкуретни и во националниот тим“, изјави селекторот Благоја Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести