27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Милевски им откри на Црногорците како се стигнува до ЕП

Македонската фудбалска репрезентација од 17 часот ќе го започне мечот на гостувањето против Црна Гора во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонија има три бода од еден меч откако убедливо со 7:1 го победивме аутсајдерот Фарски Острови, додека Црна Гора е со три бода од три меча. Ги победија Фарски Острови со 3:0, а загубија од Казахстан дома со 2:3 и од Шпанија на гости со 2:0.

Денеска и двете селекции се надеваат на победа, а Македонија може да се пофали дека има учество на ЕП, нешто што досега не им успеало на Црногорците во оваа категорија на играчи. Во интервју за црногорски „Вјести“, селекторот Благоја Милевски им откри на Црногорците која е тајната да се направи тим што ќе игра на завршницата на континентален собир.

„Како успеавме? Сигурно тој успех не се направи преку ноќ. Најважна е добра селекција на играчите, и тоа уште кога имаат 14/15 години. Ако тука ја направите вистинската селекција, тогаш може да се надевате дека тие играчи во постарите годишни категории ќе имаат успех. Секако дека одењето на ЕП не е само моја заслуга, туку и на колегите кои работеа во селекциите до 15, 17 и 19 години. Бевме феномен во европскиот фудбал бидејќи речиси 85 отсто од играчите беа од домашното првенство. Ако се видат условите во коишто работат нашите клубови и квалитетот на домашното првенство, тоа навистина беше феномен.“, вели Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести