Милевски: Инсистирав на силни контроли, мора да ја подобриме реализацијата!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, задоволен е што Рисовите деновиве ќе имаат две контролни средби против квалитетни тимови како Финска и Азербејџан.

Утре Македонија ја пречекува опасната Финска, која е пред нас на ФИФА ранг-листата.

„Овие мечеви се последна контрола пред квалификациите за ЕП во март следната година. Не случајно инсистирав да играме со силни квалитетни репрезентации како што се Финска и Азербејџан. Финска е селекција од втор шешир, што доволно говори за нивниот квалитет. Ќе испробаме неколку варијанти на овие два контролни дуели“, рече Милевски.

Селекторот смета дека националниот тим мора да ја подобри ефикасноста.

На последните натпревари што ги одигравме, видовме дека имаме проблеми со реализацијата и мора да работиме да ја подобриме играта во тој сегмент“, додава Милевски. 

„Момците имаат карактер, овие два меча многу добро ќе ни послужат за да видиме со каков потенцијал располагаме сега. Точно е дека загубивме на последните два меча во Лигата на нациите, но освен лошиот резултат, од залагањето на играчите бев задоволен“, заклучи селекторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести