21.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Милевски: Ја остваривме целта, пак сме први во групата, сега ќе мислиме за мечот со Белгија

Македонија како првопласирана во групата поминува и низ септемврискиот циклус од квалификациите за пласман на Светско првенство, откако вечерва убедливо со 5:0 славеше над Лихтенштајн. Нашата селекција има 11 бодови од пет меча и е пред Велс со 10 бодови (5 меча) и Белгија со 7 бодови од три средби. Казахстан е со само три бода од четири меча, а Лихтенштајн е на дното без бодови од пет дуели.

Селекторот Благоја Милевски не може а да не биде задоволен од прикажаната игра на своите избраници, а секако и од конечниот резултат.

„Честитки до противникот и до нашите фудбалери за сериозноста, професионалноста и пристапот на овој меч. Не случајно изгледавме така како што бевме на теренот. Максимално имаме респект за секој противник. Од самиот почеток до крајот Македонија доминираше во сите сегменти и Лихтенштајн имаше многу малку простор да игра. “, вели Милевски, кој потоа додаде:

„Следен меч е тој против Белгија на гости. Без разлика дали се подготвуваме за дуел со Лихтенштајн или за Белгија, подготовката е тотално иста. Главната цел ја остваривме, а тоа беше да останеме први во групата и по овој квалификациски прозорец во трката за пласман на Мундијалот“, заврши селекторот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести