Милевски ја „отвори душата“ и кажа кога ќе си замине од селекторското место и дали повторно може да заигра Стефан Ристовски

Со многу емоции селекторот Благоја Милевски ја заврши пресконференцијата по победата над Фарски Острови.

„Емоции секогаш имало и ќе има кај мене затоа што да ја предводиш својата репрезентација да го работиш тоа што најмногу го сакаш во животот, без емоција не можам да работам. Кога ќе снема емоцијата сам ќе си одам. Затоа и останав после поразот во Манчестер. Ништо и кон никого немам замерки, секој може јавно да го искаже своето мислење. Единствено можам да порачам, дека овие момци заслужуваат почит од сите нас за тоа што го даваат за Македонија. Никој не е вечен, сите сме менливи, единствено Македонија е вечна и сите така треба да работиме како што се декларираме за доброто на Македонија. Толку“, истакна Милевски, кој објасни и дали е можно повторно во националниот тим да го видиме и некогашниот капитен Стефан Ристовси.

„Мислам дека нема потреба од такво прашање. Сите знаеме чија е одлуката. Секој има право да изрази што мисли. Стефан го почитувам на највисоко можно ниво како фудбалер и му посакувам многу успех со клубот и со настапите во Лигата на шампиони. Негова беше одлуката и тука завршува се што е поврзано со Стефан“, заврши предводникот на македонската фудбалска репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести