13.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Милевски: Казахстан покажа квалитет и во Астана, нема да биде лесно, но подготвени сме

Фудбалската репрезентација на Македонија го архивираше ремито со Белгија и се наоѓа пред нов предизвик. Утревечер на Националната Арена Тодор Проески гостува селекцијата на Казахстан, а целта е една – да се победи.

Селекторот Благоја Милевски верува во тимот и најавува дека фудбалерите се подготвени за нова голема пресметка.

“Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега има и нов селектор нова филозофија, но ние сме подготвени”, вели Милевски.

Заморот не треба да претставува проблем.

“Имавме исцрпувачки меч во Гент, но сите играчи се подготвени да го дадат максимумот”, порачува селекторот.

- Оглас -

Најнови вести