Милевски не се откажува од никого, објасни зошто некои играчи ги нема на списокот

Селекторот на македонската машка сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, при објавувањето на списокот со повикани играчи за квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 година објасни зошто некои фудбалери кои досега беа стандардни репрезентативци, ги нема на списокот.

„Во репрезентацијата се одлучив да ги повикам Александар Трајковски и Ѓоко Зајков, фудбалери кои немаат настапи во клубовите, меѓутоа имаат големо искуство кое ќе ни биде потребно за септемвриските квалификации. Бејтулаи е на поширокиот список, но моментно на таа позиција на која го планирам, како десен бек, во моментов Стефан Ристовски и Тодор Тодоровски се во подобра форма. Но, тоа не значи дека јас се откажувам од него, а иста е ситуацијата и со Влатко Стојановски. Не се откажувам од нив, ниту имам право да се откажам од нив, но ако не се најдат на овој список сега, не значи дека ќе ги нема и во октомври. Сепак, од нив зависи во каква форма ќе бидат“, порача Милевски.

- Оглас -

Најнови вести