13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Милевски: „Нема да калкулираме, секоја победа носи позитивна атмосфера“

Фудбалската репрезентација на Македонија утре игра пријателски меч против Летонија. Иако сите погледи се насочени кон Кардиф и одлучувачкиот меч за второто место против Велс, сепак селекторот вели дека нема да калкулира, а секоја победа е значајна.

„Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, за тоа нема никаков простор. Ќе се обидеме да испробаме и тактички и физички во каква состојба сме. Летонија е квалитетна селекција, а победата секогаш носи позитивна атмосфера. Секој натпревар е важен, но сакам да ја видам пошироката слика на Македонија и за во иднина. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари“, вели селекторот Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести