Македонската фудбалска репрезентација денеска нема што да тактизира против Грузија, а селекторот Благоја Милевски ќе го извади најдоброто што го има во моментов.
Димитриевски е незаменлив на голот, како и стоперското дуо Муслиу – Велковски, а од лево ќе „оперира“ Алиоски, додека десен бек ќе биде Тодоровски.
Капитенот Барди ќе командува во средината заедно со Спировски и Ашковски, додека зад напаѓачите ќе биде Елиф Елмас.
Напред пак ќе бидат Милан Ристовски и Бојан Миовски, играчи од кои најмногу се очекува да бидат сериозни кон противничкиот гол.
Грузијците, пак, редовно го менуваа составот во натпреварите од Лигата на нациите, па навистина беше тешко да се предвиди кој ќе стартува.
Селекторот Вили Сањол ќе сака контрола на играта и затоа ќе игра со петмина играчи во средината, од кои Џитаишвили (лево) ќе има подефанзивни задачи, додека Кварцахелија, кој во моментов игра во одлична форма, ќе ја има слободата да влегува длабоко во нашата одбрана.