Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски не е разочаран по поразот од Саудиска Арабија. Милевски потенцираше дека ова беше пријателски меч кој беше искористен да се направат некои нови варијанти, да се испробаат некои други тактички замисли и да се види формата на оние кои вообичаено помалку се на теренот кога игра Македонија.
„Секако дека има моменти кои прават да сум задоволен од овој натпревар со Саудиска Арабија. Експериментирав со стартниот состав и со измените. Добро е затоа што добивме уште двајца нови играчи кои ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот. Ова беше подготовка за тоа што следува в недела. Игравме против квалитетен ривал и може да бидеме задоволни. Следува Лиштенштајн, против кого треба да го дадеме максимумот“, рече Милевски веднаш по мечот во Прага.