Селекторот на макеедонската репрезентација, Благоја Милевски е задоволен од победата над Летонија со која ја продолживме серијата успеси и тоа без примен гол.
„Секогаш е тешко да се победи противник кој се брани со многу играчи позади топка, но момците беа решени да победиме. Честитки за нивната истрајност, желба и работата која ја покажаа на теренот. Противник кој игра како што сега играше Летонија остава многу малку простор за игра, но сите наши играчи кои беа на теренот го одработија своето. Во целина како тим одигравме океј. После дадениот гол имавме уште некоја шанса за порано да го затвориме мечот. Тимската игра ни е на прво место, најважно да функционираме како тим“, задоволно коментираше рече Милевски веднаш по средбата на арената „Тодор Проески“.
Селекторот се осврна и на дуелот кој следи в недела против Фарски острови и најави атак на нови три бода.
„Ја остваривме примарната цел, а тоа е пласман во Б сегментот. Следува мечот против Фарски острови по кој може да добиеме втор пат во низа место во плејоф за пласман на Светско првенство. Следува уште едно последно скалило и сега одиме на нови три бода во недела, кои ни се примарна цел, а потоа ќе гледаме што ќе донесе таа заедничка табелата на сите екипи од Лигата на нации“, додава Милевски.
Што се однесува до повредата на Елмас, дополнителни прегледи треба да одредат за што поточно се работи.
„Елмас има проблем со задната ложа. Дополнителните прегледи треба да покажат колку е сериозна повредата. Елиф е голем борец и ги заслужува сите честитки за тоа како секогаш се бори“, вели Милевски.