29.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Милевски прозиваше, целта е една, а тоа е Македонија да остане прва во групата за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја започнува мисијата, а тоа е да се сочува првото место во групата од квалификациите за пласман на Светско првенство во 2026 година.

Македонија прво ќе одигра пријателски меч против Саудиска Арабија во Прага на 4 септември, а три дена подоцна во Скопје следува вистинскиот тест против Лихтенштајн во меч од квалификациите.

Македонија е лидер во групата во која се уште и Белгија, Велс и Казахстан. Главна задача во овој септемвриски циклус е Македонија да го задржи лидерското место во групата.

- Оглас -

Најнови вести