Милевски: Секогаш добро сме поминувале со Италија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, очекува неговите избраници со добра игра против фаворитите да го затворат квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2024 година.

Македонија прво на 17 ноември во Рим игра против Италија, а три дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Англија во последното коло.

„Прво размислуваме за Италија, а потоа следиува краток период да се подготвиме и против Англија. Играчите кои ги имаме се тие и секогаш се обидуваме да го извлечеме најдоброто кога ќе излезат на терен. Секој меч е посебен и различен, па така и овој што следува против Италија. Во минатото добро сме поминувале против нив, но ова е нов предизвик“, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.

Македонија на две кола пред крајот на квалификациите за пласман на ЕП 2024 нема шанси да обезбеди пласман на континенталниот собир. На шест меча фудбалерите имаат учинок од две победи, едно реми и три порази и освоени седум бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести