Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на денешната прес-конференција при соопштувањето на списокот на играчи за дуелите со Летонија и Ерменија од Лигата на нациите, истакна дека најважно е да нема повредени и што за изгледот на табелата прво се прашува Македонија.
„За жал, го нема Трапановски, кој се повреди на тренинг и ќе паузира 4-6 недели. Дарко Велковски уште нема клуб и не е во потребната форма. Се надевам дека сите останати ќе бидат здрави. Во моментов најважно ми е сите фудбалери да се здрави. До крајот на циклусот има уште четири меча и секој е подеднакво важен. Сега ни престојат две гостувања, а ме радува тоа што сè зависи од нас, Македонија се прашува за конечниот поредок на табелата“, вели селекторот.
„Сега не можам да зборувам за натпреварувачката форма во која се наоѓаат играчите. Според мене, повиканите играчи се најдобрите што ги имаме. Ќе бидеме задоволни ако по овие два меча го задржиме првото место во групата, на кое се наоѓаме сега“, додаде селекторот.
Собирот на фудбалерите е в понеделник, во Скопје, а тргнувањето за Летонија еден ден подоцна.