Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Белгија на гости и Казахстан на домашен терен од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Недостасува само напаѓачот Ќамили, кој е повреден, а на списокот се најде Бојан Илиевски, кој поради картони ќе има право на настап само на мечот против Казахстан.
Милевски нема да експериментира, па со проверени сили ќе се обидеме да го задржиме лидерското место во нашата група и од пол-позицијата да го чекаме последниот прозорец за пласман на Мундијалот.