Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, повика 27 фудбалери, кои ќе бидат во комбинација за настап на дуелите против Лихтенштајн на гости и Велс на домашен терен. Македонија квалификациите за Светското првенство ги започнува со проверени сили, а дебитантски повик има за Лука Станковски од екипата на Раднички Крагуевац.
Квалификациите за Светското првенство ги отвораме со дуел против Лихтенштајн на гостински терен на 22-ри месецов, додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме селекцијата на Велс.