Милевски: Со ладни глави и жешки срца на мечот со Исланд!

Селекторот Благоја Милевски, верува дека утрешниот клучен меч со Исланд околу пласманот во баражот за СП 2022, ќе биде поинаков и од тој со Ерменија, и од гостувањето кај Исланд кога одигравме 2-2.

„Не би рекол дека ова е најтежок меч во циклусов, секој меч е тежок, се подготвуваме како и за секој друг натпревар, ништо специјално. Тоа што имаме шанса за баражот не го оптоварува тимот, туку го мотивира. Подобро е кога решаваш сам, отколку да чекаш кикс на некој друг. Дуелот со Ерменија веќе е зад нас, тоа е минато, очекувам поинаков натпревар утре, се надевам дека ќе одговориме на предизвикот. Ќе го дадеме максимумот за да победиме и да обезбедиме бараж. Очекувам поинаков меч и од гостувањето во Исланд. Спремни сме на сите сценарија, се надевам дека ќе го реализираме нашиот план. Утре на мечот треба да влеземе со ладни глави, но со жешки срца“ – вели Милевски кој додаде дека нема проблем со повредени и играчи и посакува така да остане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести