Милевски со офанзивна формација ќе го нападне Лихтенштајн (Фото)

Официјално се познати и почетните состави на селекциите на Лихтенштајн и Македонија, за мечот од квалификациите за Светското првенство. Селекторот Благоја Милевски, ќе тргне офанзивно, а задолжени за голови ќе бидат Миовски, Трајковски и Чурлинов. Веднаш позади нив е Елмас, а Барди и Алими ќе бидат задолжени за средината од теренот.

Одбраната ја сочинуваат Алиоски, Муслиу, Серафимов и Зајков, додека на голот е незаменливиот Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести