Милевски: Судијата требаше да ја провери ситуацијата од првиот дел

По завршување на мечот, селекторот на Македонија, Благоја Милевски замина да се поздрави со судиите кои ја делеа правдата на дуелот против Грузија, но очигледно беше дека нашиот стратег имаше забелешки на некои одлуки на арбитарот.

На почетокот од дуелот, Стефан Спировси влезе во шеснаесетникот на домаќините, имаше контакт со противничкиот играч и падна на тревата. Нашите фудбалери бараа пенал, но словачкиот арбитар одмавна со рака и покажа дека е топка за Грузија.

„Сликата и моментот на контактот во првото полувреме покажуваат се. Затоа немам потреба да го коментирам судењето. На арбитарот само му потенцирав дека треба да ја прегледа таа ситуација“, кратко искоментира Милевски.

Што се однесува до киксот на Дарко Велковски, селекторот потенцираше дека секој фудбалер има поддршка од сите.

„На Дарко му е најтешко. Максимална поддршка од мене и од сите соиграчи“, потенцираше Милевски.

- Оглас -

Најнови вести