Македонската фудбалска репрезентација во формација 4-4-2 ќе стартува вечерва на дуелот во Кардиф против Велс. Селекторот Благоја Милевски се реши во почетниот состав да му даде шанса на Димитриевски на голот, потоа во одбранбената линија ќе бидат Илиевски, Велковски, Зајков и Ашковски, во средниот ред треба рововска борба за доминација и поседот на топката ќе водат Костадинов, Барди, Алими и Стојчевски, додека во нападот најофанзивни ќе бидат Елмас и Миовски.
Македонија доволно е да не загуби од Велс за да заврши на второто место во групата од квалификаиите за СП 2026.


