32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Милевски тргнува офанзивно: Миовски и Трајковски во нападот, зад нив Елмас, Барди, Алими и Чурлинов

Победа и само победа ќе се смета за успешно завршена работа денешниот меч на Македонија против аутсајдерот Лихтенштајн. Селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски реши во стартниот состав да биде со формација 4-4-2.

На голот е незаменливиот Столе Димитриевски, а во одбранбената четворка се Илиевски, Стојчевски, Зајков и Алиоски.

Во средниот ред, креативноста треба да ја подготват Чурлинов, Алими, Барди и Елмас, додека задолжени за погодоци во нападот ќе бидат Бојан Миовски и Александар Трајковски.

Лихтенштајн според формацијата ќе биде во 3-5-2, нешто што најавува засилен среден ред, но многу повеќе може тоа да се трансформира во „бункер“ да се сочува својот гол.

- Оглас -

Најнови вести