12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Милевски: Велс е одличен тим, но верувам дека фудбалерите ќе уживаат и ќе ја исполнат целта

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20:45 часот) го игра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Ако обезбеди нерешен резултат или победа во гостувањето во Кардиф против Велс, нашиот тим ќе заврши на второто место во групата и ќе добие потенцијално полесен противник во плејофот за место на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски е уверен дека тимот ќе се справи со предизвикот и ќе ја постигне поставената цел.

„Нѐ чека одлучувачки дуел, но мојата порака до играчите е да го прифатат и да уживаат во играта. Велс е квалитетна екипа со одличен селектор. Не очекувам многу поинаков натпревар од првиот во Скопје, и двете селекции се речиси исти, без многу промени. Сигурен сум дека ќе се покажеме во добро издание и дека ќе успееме да ги оствариме нашите цели“, изјави селекторот Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести