12.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Милевски: „Во Велс одиме да уживаме во фудбалот и да покажеме дека не сме случајно во баражот“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со 28-темина повикани фудбалери за дуелите против Летонија и Велс. Акцентот е ставен на мечот против Велс, кој ќе одлучува за второто место на табелата и подобра позиција во баражот за пласман на Светското првенство 2026.

„Списокот е ист од минатиот собир, плус тројцата повратници што ги имаме. Сите сме свесни за предизвиците кои се пред нас и верувам дека ќе имаме добри подготовки. Прво ни престои контролен меч против Летонија, а потоа е и последниот дуел против Велс, кој е многу значаен. Ако можев да бирам, сигурно немаше да играме против Летонија, но тоа е наша обврска која е зададена од УЕФА. Ќе играме и за ранкинг бодови и сигурно ќе бидеме максимално фоксирани. Во Велс, како и на секој меч, одиме да играме фудбал, да го извлечеме максимумот. Ќе одиме да уживаме во фудбалот и да покажеме дека не случајно вторпат сме во баражот. Сите фудбалери што доаѓаат во репрезентацијата се јунаци за мене затоа што даваат максимум, а знаејќи каква минутажа имаат најголем дел од нив во своите клубови“, рече селекторот Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести