Финскиот бизнисмен Томас Зилијакус е прилино непознат на пошироката јавност, но од неодамна стана интересен откако се промовира во кандидат за купување на Манчестер јунајтед. Дека има сериозна намера да инвестира во светскиот фудбал, Зилијакус потврдува со новата негова понуда, а тоа е да го купи италијанскиот гигант Интер.
„Сериозен сум и најдоцна до крајот на оваа или почеток на следната недела, газдата на Интер ќе добие официјална понуда за преземање на клубот“, рече Зилијакус.
Овој бизнисмен тврди дека благодарение на „различни инвеститори, мали и големи, со помош од семејството и институционални инвеститори“, успеал да собере 2,5 милијарди евра за купување и инвестирање во Интер. Нераѕурите моментално се лидери во италијанската Серија А, а минатата сезона играа и во финалето на Лигата на шампионите.
Интер во својата богата клупска историја има освоено 19 титули во Серија А, а е и единствен италијански клуб со триплета во една сезона (тоа се случи во 2010 година кога во екипата беше и Горан Пандев). Од 2016 година, контролниот инвестициски пакет во Интер е во рацете на кинеската групација „Сунинг“ предводена од бизнисменот Стивен Жанг.
Финскиот милијардер Зилијакус е поранешен извршен директор на „Нокија“, а тврди дека богатството го стекнал во азискиот технолошки сектор. Тој живее во Сингапур, каде што во 1998 година го формирал инвестицискиот фонд спецлијализиран за нова технологија FutureWorks (MFW).