Алавес го доби баскиското дерби против Реал Сосиедад со 2:0, а при водечкиот гол на 19-годишниот Борха Саинс, домаќините имаа и многу среќа.
За неколку милиметри не беше во офсајд Лисандро Магалјан , а тој му асистираше на стрелецот на првиот погодок, што беше потврдено и по проверката со помош на ВАР-системот.
Потоа мечот продолжи бурно, во стилот на вистинско локално дерби на две екипи што се оддалечени околу 100 километри, па имаше и две исклучувања.
https://twitter.com/beINSPORTSUSA/status/1273691108409827329?s=20
Зулдуа кај гостите и Пиња кај Алавес добија црвени картони, а поумешни во финишот беа домашните играчи и со уште еден гол во шестата минута од продолжението славеа со 2:0. Погоди Агурегабирија за победа на Алавес од 2:0.