Барселона и Реал Мадрид повторно ќе се судрат во „Ел Класико“, овојпат во финалето на Суперкупот на Шпанија, вечерва од 20 часот на стадионот „Крал Абдулах Спортс Сити“ во Џеда. Натпреварот ќе го суди Хосе Мунуера, кој ќе има чест, но и огромна одговорност да го води уште едно издание на најголемото шпанско дерби, со трофејот како влог. Ова ќе биде четврта година по ред двата гиганта да се борат директно за пехарот од Суперкупот.
Каталонците во овој дуел влегуваат во одлична форма. Барселона има низа од пет последовни победи во сите натпреварувања, а последната дојде во полуфиналето на Суперкупот, каде што го декласираше Атлетик Билбао со убедливи 5-0. Претходно тимот на Ханси Флик славеше и против Еспањол (2-0) во Ла Лига, како и против Вилјареал (2-0), Гвадалахара (2-0) во Купот и Осасуна (2-0).
И Реал Мадрид пристигнува со максимална самодоверба, откако и Кралскиот клуб запиша пет победи по ред. Во полуфиналето од Суперкупот, избраниците на Чаби Алонсо го совладаа Атлетико Мадрид со 2-1, а претходно го прегазија Бетис со 5-1 во Мадрид. Во декември славеа и против Севиља, Талавера де ла Реина и Алавес, што дополнително ја потврдува нивната одлична форма.
Статистиката од последните меѓусебни дуели оди во прилог на Барселона, која има четири победи во последните пет „Ел Класика“. Сепак, последниот нивен судир, одигран во октомври 2025 година во Ла Лига, му припадна на Реал Мадрид со победа од 2-1. Претходно, Каталонците славеа во драматични пресметки во Лигата и Купот на кралот.
Во последниот финален дуел во Суперкупот, одигран на 12 јануари 2025 година, Барселона го декласираше Реал со 5-2.
Сето ова најавува уште еден спектакуларен судир меѓу двата најголеми шпански клуба, во кој ќе се решава кој ќе го крене првиот трофеј во 2026 година.
Во Sport Life, возбудата може да си ја направите уште повозбудлива ако одберете дел од многуте игри, кој фудбалер колку шутеви на гол ќе упати, колку удари кон рамки на гол ќе забележи, или кој ќе добие картон. Целосната понуда ја имате во дополнението на билтенот.



