Милионерите активни на пазарот како никој, имаат и нова „деветка“

Борусија Дортмунд го официјализира и седмото летно засилување, Себастијан Халер. Голгетерот од БСК го напушти Ајакс за сума од 30 милиони евра и потпиша четиригодишен договор со Милионерите.

Дортмунд во првата недела од јули се покажа како најактивен клуб на пазарот. Халер е седма аквизиција, а од претходно се купени младите Адејеми за 30 милиони евра, Шлотенберк за 20 милиони евра, Озчан за 5 милиони, додека стоперот Силе и голманите Лотка и Мејер пристигнаа како слободни агенти.

Клубот максимално ги инвестира парите од продажбата на Ерлинг Халанд, кој се пресели во Манчестер сити за 60 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести