Борусија Дортмунд ќе има голем зијан за дербито со Баерн во сабота, а популарните Милионери ги повлекоа продадените 67 илјади билети и ќе го играат мечот без публика.
Реакцијата е малку и чудна бидејќи во Германија сè уште нема нови мерки за новиот бран на ковид-19, но од Борусија веројатно имаат најава за такво нешто, па одлучија да го затворат култниот „Вестфален“ за дербито што ќе се игра во сабота, од 18.30 часот.
Милионерите соопштија дека се продадени 67 илјади билети и се очекуваше вистински спектакл во мечот меѓу двете првопласирани екипи во Бундеслигата.
Домаќините објавија дека билетите не важат и дека нема да има публика, а парите ќе им бидат вратени на сите симпатизери што веќе купиле влезници.