Борусија Дортмунд доби засилување за финишот на сезоната во форма на капитенот Марко Ројс, кој по четири месеци пауза се врати на терените, а тимот на Луцијан Фавр е комплетен откако и Ерлинг Халанд ја надминал повредата на коленото.
Норвешкиот напаѓач ги пропушти последните две кола во Бундеслигата откако се повреди во дербито против Баерн Минхен, но Халанд, исто како и Ројс, тренирал нормално со екипата и ќе биде подготвен за саботното гостување кај Фортуна во Дизелдорф.
Халанд во последните четири кола до крајот на Бундеслигата ќе се обиде да го зголеми контото од веќе 10 погодоци на 11 настапи.