Скапи ќе бидат новите фризури на Милионерите – Санчо и уште пет ѕвезди на Борусија го прекршија протоколот (Фото)

Жадон Санчо, Рафаел Гереиро, Торган Азар и уште тројца фудбалери на Борусија Дортмунд го прекршија протоколот што е напишан на 50 страници, откако заминаа на колективно стрижење во услови кога тоа не е дозволено.

Секстетот на Милионерите дури и не се криеше, па си објавија и фотографии од посетата во салонот на познатиот стилист Вини Каркари.

Бундеслигата беше првото првенство од Топ-5 најквалитетните во Европа што се рестартираше, а камбекот беше на 15 мај, со многу малку испади на фудбалерите, кои се покажаа во вистинско светло и веќе стигнаа до самиот финиш на сезоната.

Ова е прв поголем прекршок што подлежи на казни, ако доследно се почитува протоколот од здравствените власти во услови на фудбал во пандемија со ковид-19.

Борусија на пет кола до крајот на шампионатот е на второто место со 60 бода, 7 помалку од актуелниот шампион Баерн Минхен, па во овој момент евентуални казни за Санчо, Гереиро, Азар, Вицел, Аканџи и Загаду би биле дополнителен проблем за популарните Милионери.

- Оглас -

Најнови вести