1802 Борусија Д. – Фрајбург (20.30)
Милионерите во претходното коло кикснаа играјќи без голови против Хајденхајм и дозволија Ред Бул Лајпциг да им се приближи само на еден бод на табелата. Фрајбург пак загуби во последните два меча во Бундеслигата, и тоа со идентични 3:1 од Штутгарт и Вердер. Борусија славеше на последните четири меѓусебни средби, а интересно е што двата дуела на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд завршија со идентични 5:1.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.05)
3002 Салернитана – Емполи (20.45)
Ова е натпревар на двете најслаби екипи во Серија А кои се главни фаворити за испаѓање. Салернитана е последна само со 13 освоени бода, додека Емполи е претпоследен со пет бода повеќе.
Иако е последна на табелата, Салернитана е тим кој им задава големи проблеми на фаворитите кога игра на домашен терен, го победи Лацио, а одигра нерешено со Милан. Интересно е што на последните шест натпревари на домашен терен во Серија А, Салернитана секогаш постигнуваше гол, а сите дуели завршија ГГ. За очекување е тимот кој од клупата е предводен од Филипо Инзаги и вечерва да игра офанзивно и да има голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)
1701 Олимпик Марсеј – Мец (21.00)
Олимпик Марсеј е во серија од четири меча без победа во Лига 1 и падна на осмото место на табелата со 29 бода, три помалку од позицијата која носи во европските купови. Мец е во неверојатна серија дури од седум порази во низа во Лига 1 и е 16-ти на табелата, па го очекува тешка борба за опстанок. Олимпик Марсеј на последните два меча на „Велодром“ не успеа да го совлада Мец (0:0, 1:1), но за очекување е вечерва да им се врати на победите.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.00)
1301 Кадис – Бетис (21.00)
И двата тима ремизираа во последното коло во Ла Лига, Бетис одигра 1:1 против Хетафе, додека Кадис и Виљареал одиграа без голови. Бетис се наоѓа на осмото место на табелата, додека Кадис е 18-ти и се наоѓа во зоната на испаѓање. Интересно е што на досегашните 23 натпревари во Ла Лига, само на три меча на Бетис имало повеќе од три гола, Барселона двапати славеше убедливо (5:0 и 4:2) и против Атлетик Билбао (4:2). На останатите дуели беа постигнувани помалку од три гола, а само два меча завршиле без голови. Бетис се наоѓа во подобра форма и за очекување е да остане непоразен вечерва.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.15)
1655 Сен Труден – Кортријк (20.45)
Ова е прв натпревар од 25-тото коло во белгиската Жупилер лига, каде што домаќинот е апсолутен фаворит за победа. Сен Труден се наоѓа на средина на табелата и има гол-разлика 30:37, додека Кортријк иако на последните четири меча има по две победи и ремија, последен е на табелата и има гол-разлика 17:47. Сен Труден на последниот меч на домашен терен со убедливи 4:1 го совлада Гент, а на последните четири меѓусебни дуели со Кортријк има две победи и две ремија.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.45)