Борусија Дортмунд прво остана без титулата во Бундеслигата во последното коло, потоа загуби тројца клучни фудбалери, а сега почна да размислува за засилувања и првата мета е член на Ајакс.
Екипата досега ја напуштија Рафаел Гереиро кој потпиша за најголемиот ривал на Борусија, Баерн Минхен, Махмуд Дауд кој потпиша за Брајтон, како и Џуд Белингам кој за 103 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.
Челниците на Борусија Дортмунд го одредија фудбалерот на Ајакс, Едсон Алварез, за наследник на Белингам и веќе ја подготвија понудата.
Милионерите за Алварез се подготвени да платат 40 милиони евра плус неколку милиони во бонуси. Мексиканецот во 2019 година пристигна во Ајакс за кого одигра 147 натпревари и постигна 13 гола.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1672688586594873344?s=20